Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД ГРАДСКАТА ПЛАЖА НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: Р'ѓосани шипки, обраснати терени, искршени спортски реквизити (ФОТО)

ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД ГРАДСКАТА ПЛАЖА НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: Р'ѓосани шипки, обраснати терени, искршени спортски реквизити (ФОТО)

Изградбата на првата Градска плажа на реката Вардар официјално наречена „Парк“ почна во јуни 2010 година.


Идејата според тогашниот градоначалник Коце Трајановски беше да им се даде на граѓаните место за забава во летниот период. Но, за жал оваа идеја замре, па денес, наместо место за рекреација, дружба и разладување, Градската плажа кај Парк го нагрдува природното окружување на овој дел од Скопје.


Доказ дека имало плажа се само р'ѓосаните метални шипки, песок обраснат со трева, додека пак спортските игралишта каде граѓаните можеа да спортуваат, поточно, да играат одбојка на песок и кошарка се целосно нефункционални. Кош и мрежа за играње воопшто нема. 


За изградбата беа дадени 379.113 евра.

Фото: Фактор

Ф.Р.

Слично

Поврзани вести