Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ ШТО, НАВОДНО, КАЖАЛ ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ПРЕД ЗАТВОРЕНИЦИТЕ - го прашале „Како сте можеле да убиете дете“?

ЕВЕ ШТО, НАВОДНО, КАЖАЛ ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ПРЕД ЗАТВОРЕНИЦИТЕ - го прашале „Како сте можеле да убиете дете“?

Медиумите досега информираа дека осомничените за организирање и помагање за убиството на Вања се затворени во посебни ќелии, а кога останатите притворени ќе ги виделе им упатувале навреди и тропале по решетките. 

Тројца од четворицата осомничени кои се во Шутка, ја признаа  вината и своите улоги во оваа грозоморна операција.

ММС од свои извори дознава дека додека ги сместувале во келиите постојано им се довикувало: „Како сте можеле да убиете дете“, „Зошто?“, „Зошто го убивте детето?“

На тоа велешанецот Велибор Манев само кусо одговорил :

„Ми требаа пари за свадба“, рекол Манев, пишуваат ММС.

А тој одговор уште повеќе ги изреволтирал сите - и притворените, и затворените и вработените.

За Манев, откако се дозна дека е еден од виновниците за смртта на Вања, се кажа дека е татко на две ќерки. Едната е мажена и од неа има внуче, додека другата ќерка не е.

Извори за ММС велат и дека слични прашања  биле упатувани и до таткото на Вања,  Александар Ѓорчевски. Тој, велат за ММС, откако пристигнал во Шутка само молчел.

Извор: ММС

Слично

Поврзани вести