ЕВЕ ШТО ГИ ДОЧЕКУВА ТУРИСТИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Некој се капе во фонтана, а под Камениот мост врие од ѓубре и превртени канти
Македонија е преполна со туристи, за што доволен доказ е плоштадот во Скопје и Старата Скопска чаршија, каде во вечерните часови има голема фреквенција на туристи кои со своите туристички водичи ги запознаваат убавините на градот.
Екипата на „Фактор“ синоќа беше во обиколка на градскиот плоштад и плоштадот по Камениот мост. Она што нашата екипа го забележа е поразувачки.
Во фонтаната што се наоѓа до Камениот мост, во близина на Музејот на ВМРО, атракција беше едно мало момче кое се разладуваше, во водите на фонтаната. Воопшто не му беше грижа што туристите застануваа и се смееја, а некои дури и го фотографираа малото момче. Некои негодуваа, но на момчето не му беше грижа, уживаше во разладувањето.



Ф.Р.
Слично
