Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ НА КОЕ МЕСТО Е СКОПЈЕ ЗА СЦЕНСКО ВОЗЕЊЕ: Природните убавини добро го котираат главниот град

ЕВЕ НА КОЕ МЕСТО Е СКОПЈЕ ЗА СЦЕНСКО ВОЗЕЊЕ: Природните убавини добро го котираат главниот град

Интернет страната за изнајмување возила DiscoverCars.com, реализираше истражување на своите корисници кои користеле рент а кар возила, за да се движат во други градови кои ги посетуваат туристички.

- Искусувањето на нов град од удобноста на автомобилот им дава на патниците можност да пробаат живописни рути кои често не се достапни доколку користат автобус или воз - стои наведено на сајтот.

DiscoverCars.com го комплетираше рангирањето на најдобрите дестинации за живописно односно, сценско возење втора година по ред. Тие го направија тоа така што побараа од нивните клиенти да ја оценат секоја локација која ја посетиле.

Според податоците, Скопје е рангиран како седумнаесетти најдобар град за живописно возење. Дестинацијата доби просечна оценка од 8,8/10 што ја прави популарна опција меѓу патниците.

- Скопје, главниот град на Македонија, е дом на природни атракции како што се езерото Матка и планината на Водно. Не е изненадување што патниците сакаат да ја изберат токму оваа дестинацијата за нивната живописна рута - стои наведено на сајтот. 

Слично

Поврзани вести