Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КОМУ МУ ПИШУВАЛ КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА 3Д АНИМАЦИИ - пратеникот Мартин Костовски од СДСМ ги покажа идејните решенија, вели, не се утопија

ЕВЕ КОМУ МУ ПИШУВАЛ КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА 3Д АНИМАЦИИ - пратеникот Мартин Костовски од СДСМ ги покажа идејните решенија, вели, не се утопија

Дали се во клинч двајцата функционери на СДСМ од Куманово, односно кумановскиот градоначалник Максим Димитриевески и пратеникот од таа парија од Куманово Мартин Костовски.
Токму Димитриевски, кој не е во добри односи со партиското раководство, вчера повторно испрати отворени пораки во јавноста, до како што рече, одредени партиски функционери, кои мислат дека е лесно да се решат многу децениски наталожени проблеми во Општина Куманово (Реконструкција на Хотел Кристал, Градскиот отворен базен, Градски стадион, Многу паркови и нови зелени површини), давајќи за нив виртуелни 3Д анимации. Но, според Димитриевски, тоа не оди така лесно, а на СДСМ не и доликува да не биде реална пред граѓаните.
Фактор истражуваше за кого се однесуваат овие пораку, па одговорот го најдовме токму на фејсбук профилот на пратеникот Мартин Костовски. 
На неговиот профил ги има токму идејните решенија за кумановските проекти, и направени 3Д анимации за тоа како би изгледале. 
Еве што тој напиша.
„Ако не веруваш во големи работи и успеси, нема да можеш да сработиш ништо во животот

После 20 години градски фудбалски стадион е вратен во сопственост на општина Куманово. Моментално се наоѓа во многу лоша состојба, општината во наредниот период ќе има можност да изврши реконструкција со дополнителна изградба на стадионот. 

Оаа е идејно решение за модерен фудбалски стадион со 3 трибини со капацитет од 5 000 гледачи.

Во Куманово се игра фудбал 100 години, заслужуваме како спортски град да се врати фудбалот на голема врата

Не станува збор за утопија и обична 3Д презентација, работите можат да се движат во вистинска насока ако се има желба, волја и иницијативност.

Како генерација мислам дека сме должни да сработиме големи работи за наше Куманво“, напиша Мартин Костовски.

Димитриевски вели дека никој не седнал со него да разговара за можноста за реализација на овие идејни решенија. 

Слично

Поврзани вести