ЕВЕ КОЛКУ ПОТПИСИ ДОСЕГА СОБРАА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ - кој ќе успее да влезе во трката за шеф на државата
Колку потписи собраа заклучно со вчерашниот ден претседателските кандидати во земјава, Фактор ги објавува најновите податоци.
Бујар Османи, кандидат на ДУИ, веќе го има остварено потребниот број, и тој има 10.528 потписи.
По него следува Максим Димитриевски, претседателскиот кандидат на ЗНАМ, кој се доближува до потребната бројка, односно има 8.400 потписи.
На трето место според собраните потписи е Арбен Таравари, претседателски кандидат на здружената албанска опозиција кој има 7.496 собрани граѓански потписи.
Респектабилна бројка досега има собрано и претседателската кандидатка на Левица, професорката Билјана Ванковска, со 6.237 потписи.
Стевчо Јакимовски има 4.238.
Ова се и другите собрани потписи.
Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска немаат потреба од потписи, бидејќи во претседателската трка ќе влезат со 30 пратенички потписи.
Но од ВМРП-ДПМНЕ најавија дека Давкова ќе собира и потписи од граѓаните, а постојат најави и од СДСМ дека тие исто така ќе собираат потписи за нивниот кандидат, кој е и актуелен шеф на државата, Стево Пендаровски.
Собирањето потписи ќе трае до 8 март.
Н.Н.Ф.
