ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ПЛАТИ ФАТМИР ЕТЕМИ ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - членот на Надзорниот одбор го зајакнува својот капитал
Фатмир Етеми, членот на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, се стекнал со 84 нови акции од банката.
За ова банката ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза.
„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Фатмир Етеми, Член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 84 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во објавата од банката.
Нема информации кога точно Етеми ги купил овие акции, но факт е дека акцијата на Комерцијална банка постојано расте на берзата. Така што денеска таа се продаваше по цена од 18.634 денари за акција, а на една блок транскација со акции на банката која помина во текот на денешниот ден, кога се истргуваа 175 акции, една акција се продаде за сума од 18.600 денари.
Па така претпоставка е дека Етеми платил сума од околу 25 илјади евра за овие акции.
Ова не е прв пат Фатмир Етеми да се стекне со акции на Комерцијална банка.
Во февруари годинава пишувавме дека Етеми купил 500 акции на Комерцијална банка. Тие беа купени по цена од 16.400 денари, што значи дека овој градежен бизнисмен за нив платил вкупна сума од над 133 илјади евра.
Тој и претходно, во повеќе наврати, има купувано по помали количини акции од банката, но неговиот пакет е помал од 5 проценти, па затоа не може од Централниот депозитар за хартии од вредност да се види со колку тпочно акции располага членот на НО на Комерцијална Фатмир Етеми.
Инаку Фатмир Етеми е сопственик на ЗСФ-КОМ, компанија од градежниот бизнис во земјава.
Н.Н.Ф.
