ЕВЕ КОЛКУ МАСК И ЗАКЕРБЕРГ ЗАРАБОТУВАЛЕ ЗА САМО ЕДЕН ДЕН - милијардерите за шест месеци го зголемиле своето богатство за 781 милијарди евра
Најбогатите 500 луѓе во светот во првата половина од оваа година го зголемија својот имот за вкупно 781 милијарда евра.
Блумберг наведува дека секој член на овој елитен клуб на најбогатите заработил во просек по 12,85 милиони евра дневно во изминатите шест месеци.
Како што се оценува, ова беше одлично полугодие за милијардерите, најдобро од втората половина на 2020 година, кога светската економија делумно закрепна од мерките предизвикани од епидемијата на корона вирусот.
Изминатите шест месеци беа многу успешни за шефот на Tesla и сопственик на Twitter, Илон Маск, чие богатство порасна за дополнителни 88,6 милијарди евра, на околу 214,7 милијарди евра.
Шефот на Мета Марк Закерберг го зазеде второто место на оваа листа на милијардери, бидејќи неговото богатство се зголеми за 54 милијарди евра, на приближно 95,45 милијарди евра.
