ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ ПРОШЕТКА ВО НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА: објавени се цените за годинава
Летото секогаш е добра прилика за прошетка во планина, а НП Галичица е едно од најпознатите места за тоа. На социјалните мрежи, НП Галичица веќе го објави ценовникот со кој се регулираат прошетките, кампувањата и паркингот во паркот.
„Ве информираме дека е објавен Ценовник за надоместоци за влез, посета и користење на услугите во Јавната установа Национален парк Галичица. Ценовникот ги опфаќа надоместоците за влез во паркот, паркирање, кампување, користење на едукативни содржини, организирање настани и други услуги што ги нуди паркот. Ве покануваме да се информирате за важечките цени пред вашата посета и да придонесете кон зачувувањето на природните вредности на Национален парк Галичица. Вашата поддршка преку плаќањето на надоместоците директно придонесува за заштита на природата, одржување на инфраструктурата и унапредување на посетителското искуство во паркот“ се вели во објавата.



Слично
