Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНАТ БАЛКАНСКИТЕ ГРИЦКИ ВО ГЕРМАНИЈА: Цените ќе ве шокираат

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНАТ БАЛКАНСКИТЕ ГРИЦКИ ВО ГЕРМАНИЈА: Цените ќе ве шокираат

Веројатно досега многупати сте слушнале дека цените во Германија не се исти како на Балканот, што делумно е точно, но најмногу зависи од тоа во кој град сте. Често добиваме видеа од производи од странски продавници, па Ања ги снимала цените на артиклите во турска продавница во Германија, кои таму се покажале поскапи отколку кај нас.

Некои од производите домаќинките ги користат во секојдневна употреба, како што е вегета, која може да се купи во турска продавница во Германија за 2,50 евра. Од друга страна, супа од кесичка може да се најде за 1,20 евра, додека паштетата Аргета чини 1,70.

Слатките се исто така незаменлив дел од многу домови, па нивната цена секогаш ни го привлекува вниманието. Така, чоколадото Еуроблок е 1,30 евра, бисквитите јафа се 2 евра, додека штрудлите и медените срца се по 3 евра.

Она што е најголемото изненадување во видеото е цената на кромидот, кој во Македонија е значително поевтин, а таму чини дури пет евра!

За едно евро се нудат солени грицки, како смоки и соленки.

Во коментарите луѓето беа најактивни затоа што Ања ги пласираше сите овие производи како српски, а евидентно е дека не се сите произведени во Србија. Од друга страна, имаше и други од типот: „Јас не би дал евро закромид, а камоли пет“, „Буквално покажува само евтини цени, нека покаже вистинските“, „Се е поефтино, зависи каде си“, „Исти цени како на Балканот, а платите им се пет пати повисоки“.

Целото видео може да го погледнете тука.

Слично

Поврзани вести