Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КОЛКАВА ШТЕТА НАПРАВИЈА ЛАЖНИТЕ ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА: Лани изнесувала околу 5,1 милиони евра

ЕВЕ КОЛКАВА ШТЕТА НАПРАВИЈА ЛАЖНИТЕ ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА: Лани изнесувала околу 5,1 милиони евра

Германската централна банка денеска соопшти дека бројот на повлечени лажни банкноти од оптек во 2023 година е зголемен за 28,2 отсто во однос на 2022 година и изнесува 56.000, додека вкупната штета од употребата на фалсификати изнесува околу 5,1 милиони евра.

Бундесбанката забележува дека во исто време најголема штета е причинета на банкнотите од 200 и 500 евра, преку продажба на накит, златни прачки, часовници и автомобили, пренесува Хина.

Банкнотата од 50 евра сè уште е најпопуларна меѓу шверцерите, а дури 38 отсто од сите запленети фалсификувани банкноти се банкноти од 50 евра, потоа апоени од 20 евра, а меѓу најчесто фалсификуваните монети се оние од 2 евра. .

„И покрај зголемениот број на конфискувани банкноти, фалсификувањето пари се уште е на ниско ниво“, соопшти Бундесбанката.

Според податоците на Европската централна банка (ЕЦБ), во 2023 година биле откриени 467.000 фалсификувани банкноти на евра, што е за 24 отсто повеќе од 2022 година.


Слично

Поврзани вести