ЕВЕ КОЛКАВА Е ПРОСЕЧНА НЕТО ПЛАТА ВО ХРВАТСКА: Објавено и кој има најголем, а кој најмал приход
Просечната месечна нето-плата во Хрватска за мај годинава изнесува 1.324 евра, што е номинално повисока за 16,9 отсто и реално за 13,2 отсто во однос на истиот месец лани.
Индексот пренесува дека тоа го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) објавени денеска.
Во однос на платата за април годинава, просечната нето-плата во мај номинално е повисока за 0,1 отсто, но реално останала на истото ниво.
Се наведува дека највисока просечна месечна плата по вработен во мај е исплатена во авионскиот превоз во износ од 2.135 евра, а најниска во производството на облека, во износ од 847 евра.
Слично
