Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КОЈ ВО СЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ЌЕ ОДЛУЧУВА СО БИСЛИМОВСКИ ЗА ЦЕНИТЕ НА ЕНЕРГЕНСИТЕ - Мерита Дема се предлага за член на РКЕ

ЕВЕ КОЈ ВО СЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ЌЕ ОДЛУЧУВА СО БИСЛИМОВСКИ ЗА ЦЕНИТЕ НА ЕНЕРГЕНСИТЕ - Мерита Дема се предлага за член на РКЕ

Мерита Дема ќе биде нова членка на Регулаторната комисија за енергетка, институцијата во државава која го регулира формирањето на цените на струјата, парното и нафтените деривати.

Предлогот Мерита Дема да биде нова членка на РКЕ доаѓа од Владата и е доставен до Собранието, а нејзиниот избор бил направен откако бил распишан оглас за пополнување на едното испразнето место во Регулаторна, по пензионирањето на претходната членка во ова регулаторно тело. 

Согласно Законот за енергетика, РКЕ е составена од седум член, од кои едниот член е претседател. 

Едеен член на РКЕ е стручно лице за правни прашања од областа на енергетиката, еден за економски, еден за технички прашања од областа на водните услуги, а останатите членови се стручни лица за технички прашања од областа на енергетиката.

Функцијата член на РКЕ се врши професионално и е неспоива со друга функција, функција во политичка партија или работно место. Мандатот на секој член и на претседателот на РКЕ е пет години и ниту еден член не може да биде на таа функција повеќе од два мандати. 

На огласот кој го распишала Владата, како што велат, имало повеќе кандидати, но тие одлучиле Мерита Дема да му ја предложат на Собранието за нов член на РКЕ.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести