ЕВЕ КОЈ СЕ РАБОТИ ВО М-НАВ: Сестра на Османи, снаа на Груби, внук на Николовски
Сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, внукот на министерот за земјоделие Љупчо Николовски и снаата на вицепремиерот Атан Груби и други роднини на поранешни министри и пратеници се вработени во М-НАВ, објави тв емисијата „Код“ на ТВ Телма.
Како што беше објавено во емисијата, „таму од поодамна е вработена сестрата на министерот Османи, снаата на Груби и на екс пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими како и внук на Николовски, објави „Код“.
Османи за нив изјавил дека неговата сестра работи таму 15 години, а министерот за земјоделие пак, рекол дека неговиот внук бил високостручен и професионален кадар и оти се школувал во Кина, Јапонија, дипломирал во Словенија, и дека е дел од кадарот кој Македонија требала да се бори да ги задржи.
„Код“ објави и интересни случувања од седниата на Владата, на која се разрешуваше кадарот на М-НАВ. На седницата, Османи и Бектеши ја префрлале вината на синдикатот. Тие му сугерирале на Ковачевски дека ако ги смени директорите, тоа ќе изгледа како попуштање на синдикатот на контролорите. Ковачевски им рекол дека тоа е состојба која бара итно решавање заради воздушниот сообраќај и меѓународните обврски на државата.
