Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве кој ќе може да влезе во Грција без тест

Еве кој ќе може да влезе во Грција без тест

Камионџиите полесно ќе можат да влезат во Грција за разлика од другите граѓани. 

Ова го овозможуваат протоколите. 

Возачите на камиони ќе влегуваат во Грција без да поседуваат негативен ПЦР тест. 

За влез кај јужниот сосед не e потребен негативен ПЦР тест само за возачи на товарни моторни возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Грција вчера воведе нов протокол за влез во земјата од граничниот премин Евзони, кој стартува на 17 месецов. 

До крајот на август, на  Евзони, во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји што имаат регулиран престој во земјата, дипломатски персонал и членови на нивните семејства, лица што патуваат од медицински и деловни причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување, како и возачи на товарни возила.

Земјите од регионот воведоа строги правила за патување. 

Србија и Црна Гора бараат негативни тестови, а Грците летово правеа контроли и апсеа и туристи на островите за непочитување на мерките за заштита од коронавирусот. 

Епидемијата не стивнува во регионот. 

Западен Балкан е подрачје каде заразата брзо се шири. 

Во тој контекст, Германците објавија листа на земји од каде имаат најмногу „увезени“ случаи на коронавирусот, при што балканските земји беа меѓу првите. 

Слично

Поврзани вести