ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ СУГАРЕСКИ ВО ПРВАТА ФОТЕЛЈА ВО ЦАРИНА - Славица Кутиров именувана за директорка
Владата на својата вчерашна седница ја прифатила одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да го разреши од должноста в.д. директор на Царинска управа.
Како што се наведува во владиното соопштение, на оваа позиција Владата одлучила да ја именува Славица Кутиров, досегашен заменик-директор на Царинска управа.
На 12 јули Сугаревски беше последен работен ден како директор на Царинската управа, откако во меѓувреме беше донесена одлука тој да се кандидира за градоначалник на Прилеп на локалните избори.
фото: Фејсбук
Слично
