ЕВЕ КОЈ Е ВОЈНИКОТ ШТО СЕ ПОВРЕДИ ВО ГАСЕЊЕ ПОЖАР: „Тој не е само мој пријател, тој е 'људина'“, вели Михаилов
Заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов, соопшти дека повреденото воено лице е Симе Николов од Подареш.
„Професионалниот војник Симе Николов од Подареш не е само мој пријател, тој е "људина".
Во една добро координирана акција на хеликоптерите BELL 412 и BELL 212 при што едниот со прецизни фрлања направи пат, а другиот се симна и го евакуираше Симе кој со повреда беше опколен од огнени јазици.
Капа долу за екипажите на двата хеликоптери на МВР кои направија неверојатен подвиг и покрај Симе од огнот ги извлекоа и уште 8 колеги, еден пинцгауер и една лада нива, а од огнот е спасен и булдожерот кој работеше таму.
Секоја чест и за вработените во Брза Помош Радовиш кој итно го пренесоа Симе, секоја чест за вработените во болницата во Штип, секоја чест за сите кои денеска и изминатите денови ги жртвуваат своите животи за МАКЕДОНИЈА, но, денеска, пред се чест за Симе Николов и неговата непоколеблива борба.
Оган да ги стопи тие кои секојдневно ја палат и ја палат нашата МАКЕДОНИЈА!!!“, напиша тој.
Слично
