ЕВЕ КОИ ПРОИЗВОДИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВИСОКА СТАПКА НА ДДВ - Владата ги трга од повластената стапка од 5 отсто и ги качува на 18 проценти
Денеска на владина седница поминале важни закони од сферата на даночната политика.
Покрај данокот на солидарност, Владата го утврдила и текстот на Предлог законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.
Неколку работи од измените на Законот за ДДВ предизвикуваат особено внимание. Имено, наместо со 5 отсто, отсега со 18 отсто ќе се даночат производите за човечка исхрана кои не се дел од основните, а од 5 на 18 отсто ќе се зголеми и ДДВ то на пелети, печки на пелети и котли.
„Со предлог измените и дополнувањата на Законот, како што е образложено од ресорното министерство, се следат измените на Директивата на Европската Унија со којашто се уредува данокот на додадена вредност. При тоа, во делот што се однесува на даночните стапки, се врши ревидирање на примената на повластена стапка, а во насока на усогласување со европското право и следење на ограничувањата кои се поставени. Односно: се врши намалување на стапката од 18 отсто на 5 отсто за прометот со менструални производи со цел поттик за поголема заштита и хигиена кај одредена група на граѓани; се намалува даночната стапка за дигиталните учебници; се зголемува стапката на ДДВ од 5 отсто на 10 отсто на производи за човечка исхрана коишто не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана; се зголемува даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластена даночна 5 отсто на редовната стапка од 18 отсто“, се вели во владиното соопштение.
