Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КОИ ПАРТИСКИ КАДРИ И ЕКСПЕРТИ ЌЕ ГИ „КРОЈАТ“ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ - предлозите стигнаа до Правда, набргу ќе се знае кого ќе изберат

ЕВЕ КОИ ПАРТИСКИ КАДРИ И ЕКСПЕРТИ ЌЕ ГИ „КРОЈАТ“ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ - предлозите стигнаа до Правда, набргу ќе се знае кого ќе изберат

Министерството за правда ја информира јавноста кои се предлози на партиите за членови во Работната група која ќе работи на уставните измени. 

Овие предлози стигнале до истекот на рокот што го даде овој ресор, односно до 10 април а тоа е всушност вчерашниот ден. 

„Ве информираме дека до Министерството за правда се пристигнати следните предлози од парламентарните политички партии за членови во работната група за уставни измени:

Цветанка Иванова-СДСМ

Арбр Адеми-ДУИ

Ремзи Мехмеди-Алијанса на Албанците

Соња Мираковска-НСДП

Нано Ружин-ЛДП

Христа Најданов-ДОМ

Темелко Ристески-Партија на пензионери

Раметула Куќи-ДПА

Еран Куртиш-Партија за движење на Турците

Бејџан Илјас-Демократска партија на Турците

Пристигнати предлози од институции:

Александар Спасов-Кабинет на претседател на Република Северна Македонија

Драган Тилев-Секретаријат за европски прашања

Шпенд Садики-Министерство за надворешни работи

Експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава“, се вели во соопштението од Министерството за правда. 

Оттаму информираат дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови.

Слично

Поврзани вести