Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КОИ ЧЕТИРИ БАНКИ СЕ ВПИШАНИ НА ЛИСТАТА НА СЕПА - три големи и една средна домашна банка од октомври почнуваат со трансфери

ЕВЕ КОИ ЧЕТИРИ БАНКИ СЕ ВПИШАНИ НА ЛИСТАТА НА СЕПА - три големи и една средна домашна банка од октомври почнуваат со трансфери

Четри домашни комерцијални банки веќе се најдоа на листата на банки кои ќе бидат вклучени во шемата за кредитни трансфери на СЕПА од октомври. 

Како што соопштува Народната банка на Македонија, Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. 

- Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА.

Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година. 

Се очекува и останатите осум деловни банки, кои најавија дека ќе поднесат барања во периодот од јуни до август оваа година, да бидат впишани во регистарот на ЕПС и ќе започнат со вршење на плаќањата во рамките на СЕПА до 6 октомври - укажуваат од Народната банка.

Иако од таму не ги објавија имињата на банките кои се најдоа на листата, нивните имиња се објавени на линкот каде се впишани сите банки кои се дел од СЕПА. 

Меѓу нив се НЛБ Банка Скопје, Халк Банка Скопје, Стопанска Банка Скопје и Прокредит Банка Скопје. 

Еве ја листата од домашните банки кои се веќе примени:


Да потсетиме, на 6 март 2025 година ЕПС го прифати барањето за членство коешто го достави Народната банка за нашата земја, со што станавме членка на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). 

Со ова се овозможи приклучување на домашните банки во европските платежни шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 41 земја членка. 

Интеграцијата на банките од земјава во европскиот платежен екосистем носи бројни придобивки за граѓаните и за компаниите – пред сѐ побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема економска поврзаност и активност. 

Народната банка, како институција којшто ги координираше активностите за членство во СЕПА, останува целосно посветена на процесот на интеграција на банките и ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за постигнатиот напредок. 

Фото: Фактор

Слично

Поврзани вести