Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве какво време ќе имаме за викендот

Еве какво време ќе имаме за викендот

За викендот во Македонија ќе преовладува стабилно и многу топло време. 

На повеќе места утре дневната температура ќе надмине 30 степени, а ќе дува и засилен западен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 28 степени, Маврово 20, Крива Паланка 24, Охрид 24, Битола и Кавадарци 28, Берово 22, Дојран 29 степени. 

Во недела попладне ќе има услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја.

Во почетокот на наредната работна недела се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. 

Најврнежливо се очекува да биде во вторник кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Слично

Поврзани вести