Еве какво време ќе имаме денеска...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо, а претпладне во јужните делови ќе има локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер.
Минималните температури ќе се движат од од 10 до 18 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 19 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Од вторник настапува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.
Слично
