ЕВЕ КАКВО БЕШЕ СИНОЌА ВО СКОПЈЕ: Силни грмотевици, град, пороен дожд
Силно невреме го зафати Скопје синоќа. Ветер, грмотевици, град и дожд и повторно паднати дрвја.
Екипите на ЈКП ГАЗИ БАБА 2007 синоќа излегоа на терен откако силното невреме ја зафати Гази баба.
На Eдинствениот број за итни случаи 112, во 20:30 часот, добиена е пријава за откачен олук на булеварот „АСНОМ“ број 12, поради јак ветер што претставувало опасност и загрозување на безбедноста, информираа синоќа од Центарот за управување со кризи по невремето што го погоди главниот град на државата.
- Пријавителите во моментот го држат на нивната балконска тараса за да не падне и направи штета. РЦУК - Скопје контактирал со пријавителите, испратено е известување и до ЕЛС Аеродром, појаснуваат од ЦУК.
Невреме со дожд, град и грмотевици синоќа го погодија скопскиот и тетовскиот регион.
Тука можете да погледнете како изгледаше небото над Скопје.
