ЕВЕ КАКВА ПИРОТЕХНИКА ПРЕВЕЗУВАЛ АХМЕТИ: Полн багажник со огномет
Откако синоќа полицијата го приведе Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети МВР објави и фотографија од заплената.
„Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ соопштија од полицијата.
Фото:МВР
Слично
