ЕВЕ КАКО МАРИЧИЌ ЈА ПРЕЧЕКА ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Посетата била позитивен сигнал
Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од каде ја започнува турнејата низ Западен Балкан.
Фон дер Лајен ја пречека заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.
-Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е во клучен момент за нашиот евроинтегративен процес.
Имаме важни прашања кои треба да ги отвориме за реформите и обврските пред завршувањето на скрининг процесот и пред објавата на годишниот Извештај за напредокот за 2023 година.
На утрешниот состанок очекувам корисна и плодна дискусија фокусирана на следните чекори и планови за брз напредок кон полноправно членство во ЕУ.- објави тој на Фејсбук.

ФОТО: Фејсбук/Бојан Маричиќ
