ЕВЕ КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ЗА ПРАЗНИКОТ: И жичницата ќе биде во функција, но само во одреден период од денот
Поради верскиот празник Богојавление (Водици) во текот на утрешниот ден и во сабота ќе се промени возниот ред на автобусите, при што најголем дел од автобусите ќе сообраќаат согласно распоредот за недела и празници, соопшуваат од Јавното сообраќајно претпријатие.
- Ве информираме дека утре, петок (19.01.2024 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
И в сабота (20.01.2024 год) ќе се вози по неделен возен ред, со исклучок на посочените линии, кои ќе функцинираат по саботен возен ред - се наведува во соопштението на ЈСП.
Од таму информираат исто така дека утре, петок (19.01.2024 год) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров, а в сабота (20.01.2024 год) сите ќе работат со вообичаеното работно време.
Што се однесува пак до жичницата на Водно, од ЈСП соопштија дека таа ќе биде во функција следниве три дена и ќе работи од 10 до 17 часот.
