Еве како ќе функционира дигиталното евро
Европскиот парламент даде поддршка за воведување на дигиталното евро, нова дигитална валута која треба да ја зајакне финансиската независност на Европската унија и да ја намали зависноста од американските платежни системи како Visa и Mastercard.
Според планот на Европската централна банка (ЕЦБ), дигиталното евро би можело да биде достапно најдоцна до 2029 година.
Како ќе функционира дигиталното евро?
Дигиталното евро ќе претставува електронска форма на пари издадена и гарантирана од ЕЦБ. Тоа нема да ја замени готовината, туку ќе биде дополнителна опција за плаќање.
Граѓаните ќе можат да го користат преку дигитален паричник, а системот ќе овозможува:
онлајн и офлајн плаќања
плаќања преку банки и платежни сервиси
ограничен износ на средства во дигиталниот паричник
ЕЦБ ќе ја обезбедува инфраструктурата, додека банките и финансиските компании ќе ги нудат услугите до корисниците.
Приватност и безбедност
Еден од клучните елементи е заштитата на приватноста. Според најавите, Европската централна банка нема директен увид во идентитетот на корисниците преку нивните трансакции.
Зошто ЕУ го воведува овој систем?
Причината е намалување на зависноста од странски платежни системи, со оглед дека Visa и Mastercard учествуваат со повеќе од 60% од картичните плаќања во еврозоната.
Со дигиталното евро, ЕУ сака да изгради сопствена платформа за дигитални плаќања и да ја зајакне финансиската сувереност.
Следни чекори
По поддршката од парламентарниот комитет, следува формално гласање во Европскиот парламент, а потоа и преговори со земјите членки. Доколку процесот оди според планот, конечен договор би можел да биде постигнат до крајот на годината
Еуправозато