ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ГАЛЕРИИТЕ ДО ОХРИД: Низ нив ќе се патува од Кичево
Веќе подолго време слушаме дека од Кичево до Охрид ќе се патува низ галерии, а директорот на Државни патишта, КОце Трајановски, веќе ги објави првите фотографии од нивниот изглед.
Но, зошто се прават и каква е нивната функција?
Патната галерија е бетонска заштитна конструкција што се гради над или покрај пат, најчесто во планински и ризични подрачја. Не е класичен тунел – обично е отворена од едната страна.
Зошто се прави?
Се гради исклучиво од безбедносни причини, и тоа за:
Заштита од одрони и паѓање карпи
Заштита од лавини
Заштита од свлечишта и наноси
Заштита од силни временски услови (снег, мраз).
Каде најчесто се гради вакво нешто?
-
На планински патишта
-
На делници каде има чести одрони
-
Кај автопати или експресни патишта во тесни клисури
