ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ГРАДСКО - ДРЕНОВО: Николоски сподели ноќно видео
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од експресниот пат Градско -Дреново (Прилеп) и испрати порака:
- Во пресрет на големиот празник Богојавление - Водици погледнете го ова ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново (Прилеп).
Со овој експресен пат Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Новаци, Крушево и цела Пелагонија се поблиску до главниот град Скопје, а се патува и многу побезбедно!
За многу години! Бог се јави- напиша Николоски.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
