Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КАКО ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ЗЕМААТ ВОДА ОД БАЗЕНИ ЗА ДА ГАСНАТ ПОЖАРИ: Видео на кое може да се види целата постапка

ЕВЕ КАКО ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ЗЕМААТ ВОДА ОД БАЗЕНИ ЗА ДА ГАСНАТ ПОЖАРИ: Видео на кое може да се види целата постапка

Полициските хеликоптери денеска фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско, информираат од МВР.

На оние локации каде што нема опција за хеликоптерите да црпат вода од реки и езера, се поставуваат базени полни со вода, од каде хеликоптерите со помош на волонтери, успеваат да се наполнат со вода за што побрзо да делуваат на поажарите.

Вчера Одделот за воздухопловни единици на МВР со два хеликоптери од раните утрински часови и во текот на целиот ден дејствуваше на повеќе места каде што имаше пожар и тоа, реоните на општините Старо Нагоричане и Свети Николе. Хеликоптерот Бел 412 во 54 циклуси исфрли над 80 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 исфрли 30 тони вода, соопштија од МВР.

Освен гаснење пожари, хеликоптерите дејствуваат и кога е потребна евакуација . Вчера тие беа упатени  во селото Стројманци каде што од пожарот беа заробени неколку лица и пожарникари.

- Во најбрз можен рок лицата беа лоцирани и покрај густиот чад и ниската видливост, хеликоптерот Бел 412 дејствуваше на пожарот, додека хеликоптерот Ми 171 извлече 4 лица кои беа заробени во опожарена куќа, а останатите лица беа евакуирани од страна на доброволното противпожарно друштво од Св. Николе со возила, известуваат од полицијата. 



Слично

Поврзани вести