Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КАКО ГОРЕА АВТОМОБИЛИТЕ НА КАЛЕ: Била запалена сува трева, огнот се проширил и на паркираните возила

ЕВЕ КАКО ГОРЕА АВТОМОБИЛИТЕ НА КАЛЕ: Била запалена сува трева, огнот се проширил и на паркираните возила

На скопско Кале вчера била запалена сува трева, а пожарот се проширил и на паркирани возила. Ова е причината поради која изгореа пет возила на дивиот паркинг во близина на Водовод, под скопското Кале.

„На 06.04.2024 во 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.,,Лазар Личеновски” на дивиот паркинг кај поранешниот полигон настанал пожар при што горела сува трева“, велат од МВР.

Од пожарот целосно биле опожарени пет патнички возила со скопски регистарски ознаки: „сеат леон“ сопственост на Б.А.(32) од Скопје, „мерцедес“ сопственост на М.Г.(41) од Скопје, „сеат леон“ сопственост на М.Т.(19) од нас.Илинден, Скопје, „тојота“ сопственост на А.Т.(28) од Скопје и „рено“ сопственост на Б.Б.(42) од Скопје.

View this post on Instagram

A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)


Слично

Поврзани вести