ЕВЕ КАКО ДЕСПОТОВСКИ ЌЕ ЈА ПРЕПОРОДУВА СДСМ: „Работиме на нов смел концепт за повторно раѓање на СДСМ“
Во гостување во емисијата „ Заспиј ако можеш“, Јован Деспотовски од СДСМ кој е и потенцијален кандидат за иден претседател, говореше за иднината на СДСМ и неговиот ангажман.
„За иднината на СДСМ и за мојата посветеност кон создавање на нова иницијатива во партијата зборувавме во емисијата „Заспиј ако можеш?“. Целта е да ја обновиме внатрешната структура и да го вратиме интегритетот и довербата на граѓаните во СДСМ.
Работиме на нов смел концепт за повторното раѓање на СДСМ.Концептот е втемелен на “ние“, а не на “јас“ со цел да обединува, а не да фаворизира. Содржи конкретни мерки кои даваат рамка како треба да се движиме понатаму и во партијата и во општеството.
Воведуваме систем во кој кандидатите за клучни позиции, како пратеник и градоначалник ќе се бираат од членовите, а не од раководството. Само така ќе бидат одговорни кон луѓето а не кон лидерот и партиската елита. Само така можеме да изградиме силна и транспарентна партија која ќе работи во интерес на сите граѓани“, објави тој на фејсбук.
Слично
