ЕВЕ КАКО ДА ПРЕСМЕТАТЕ - кој и колкав бескаматен кредит може да земе од новите 8 милиони евра
Владата на денешната седница донела одлука за отворање на новата кредитна линија од осум милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка, која е дел од вториот пакет економски мерки. Бесмакатните кредити се наменети за зачувување на работните места и подобрување на ликвидноста на фирмите.
Ова го објави на фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска.
Формулата за пресметка на износот кој компанија може да го искористи е следен:
Број на вработени x 14.500 ден x 3 месеци
На пример: компанија со 10 вработени ќе може да добие 14.500 денари X 10 вработени X 3 месеци = 435.000 денари или 7.073 евра
Кредитните услови се каматна стапка од 0 отсто на годишно ниво, рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци. Обезбедувањето е со меница.
Можат да аплицираат сите подогодени компании, од сите дејности кои:
-имаат намалување на приходот на за повеќе од 30 отсто во тековниот период, на пример во месеците март или април 2020 во споредба со истиот месец минатата година или со просечниот месечен приход во 2019 година
-се регистрирани повеќе од половина година:
-немаат неплатени даноци и придонеси до 31.01.2020
-не се во постапка на стечај или ликвидација;
-не се во категоријата исклучително ризични кредитобаратели.
