Економија, финансии, бизнис

Контакт

Eве како да ги избегнете гужвите на Табановце

Eве како да ги избегнете гужвите на Табановце

На граничниот премин Табановце деновиве има голема гужва, и според АМСМ се чека и по еден час, но како опција патниците можат да го искористат и граничниот премин Пелинце. 

Од овој граничен премин објаснуваат дека работат 24 часа, а вчера и денеска имале зголемен проток на возила и патници,  и сметаат дека тоа е поради гужвите на Табановце. На преминот минуваат гастарбајтери, но и  српски граѓани кои се упатиле на одмор во Грција или се враќаат дома. Транзитираат патници не само од јужна Србија, туку и од Белград, Нови Сад, Крагуевац. Но, овој премин има една лента за влез и една за излез, и поголема фреквенција исто би создала колони. Гужви има и на граничниот премин Богородица. 

Слично

Поврзани вести