Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КАКО БИЛЕ СКРИЕНИ ПАРИТЕ ВО МИНИБУСОТ - Царина објави видео од големата заплена

ЕВЕ КАКО БИЛЕ СКРИЕНИ ПАРИТЕ ВО МИНИБУСОТ - Царина објави видео од големата заплена

Царинската управа по вчерашната пресконференција на која објави дека е откриен обид за нелегален транспорт на половина милион евра, скриени во специјално направен бункер во минибус, објави и видео од потрагата и пронаоѓањето на парите. 

Од Царина споделија дека Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од пола милион евра пронајдени во бункер на минибус, што резултираше со историски најголема заплена на девизи, потенцираше директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на прес-конференција на која информираше за случајот.

- Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на Република Албанија со иницијали Џ.Г. кој управувал со минубусот е соодветно гонет, за што веќе е изречена и судска пресуда од основниот суд Куманово.

Обидот е откриен во акција на Одделението за оперативни работи на влез во државата на граничниот премин Табановце во која била извршена детална контрола на минибус, сопственост на туристичка агенција од Албанија, со кој биле превезувани седум патници.

Акцијата во која учестуваа мобилен тим, K9 единицата и Службата за мобилни скенери е извршена брзо и ефикасно. Мобилниот тим кој поседува огромно искуство веднаш забележа преправки на возилото, по што е пуштено царинско куче кое укажа на индиции за криумчарење на истото место - се посочува во објавата. 

Воеднно појаснуваат дека нивните сомнежи се потврдиле и со скенирање на возилото од Службата за мобилни скенери, по што инспекторите од мобилниот тим пристапија кон остранување на профилот во кој пронајдоа вкупно 14 проѕирни ќеси во кои беа спакувани 500 илјади евра“, рече директорот и порача дека секој обид за нелегален прекуграничен пренос на готовина ќе биде најстрого санкциониран.




Фото: Принтскрин/ФБ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

„ВО СПЕЦИЈАЛНО КОНСТРУИРАН БУНКЕР ВО МИНИБУС ПРОНАЈДЕНИ 500.000 ЕВРА“: најголема заплена во историјата на Царинската управа

Слично

Поврзани вести