ЕВЕ КАКО БИЛ ПОДМЕТНАТ ПОЖАРОТ ВО БАРОН: На видеото се гледаат три лица
Тв „Телма“ објави видео од подметнатиот пожар во Барон во скопската населба Чаир. Тројца маскирани го подметнуваат пожарот, а неколку часа по пожарот е застрелан Зелкиф Туша, таткото на притворениот Гани Туша кој е осомничен за учество во убиствата на припадници на кланот Грчец во Шиша Бар и на Халкидики. Гани Туша е припадник на бандата Барон. Обвинителството истражува поврзаност на пожарот и убиството на Зелкиф Туша.
Слично
