Еве каде утре ќе има прекини во водоснадбувањето
Oд ЈП„Водовод и канализација“ известуваат дека на ден 13.06.2018 (среда) поради вградување на „ЦМЦ“ регулатори на ул.Христо Татарчев бр. бб, во населбата Припор кај хотел „Најс“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Припор, втора зона, односно населбата Припор, од 10:00 часот до 16:00 часот.
На ден 13.06.2018 г. (среда) поради изведување водоводен приклучок од ф 80мм на ул.Коле Неделковски бр.46, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците дел од ул. Коле Неделковски и дел од ул. Стефан Јакимов Дедов од 10:00 часот до завршување.
Дефектот на ул. Бул. Видео Смилевски Бато –Кај Ретил е саниран, водоснабдувањето е нормализирано на 12.06.2018г. во 18:15 часот.
Слично
