Економија, финансии, бизнис

Контакт

Eве каде наврнаа 130 литри дожд на метар квадратен

Eве каде наврнаа 130 литри дожд на метар квадратен

Во Маврово наврнаа 130 литри дожд на метар квадратен, во Тетово 84, Лазарополе 75, Дебар 71, Охрид 44, Скопје 35, Куманово 19, Претор 12, Крушео и Тополчани 10, Прилеп 7, Скопје-Петровец шест, Крива Паланка пет и Берово, Штип и Битола еден литар.

Температурите насекаде биле во позитива и се движеле од четири во Тетово и Лазарополе, пет во Маврово, шест во Куманово, Дебар и Берово, седум во Крушево, осум во Гевгелија, Скопје Петровец, девет во Скопје, Претор и Тополчани, 10 во Охрид, Прилеп и Крива Паланка, 11 во Битола, 12 во Демир Капија, 13 во Виница, 14 во Дојран и Штип и 16 во Струмица.

До крајот на денот времето ќе биде облачно на повеќе места со изобилни врнежи од дожд, најобилни во југозападните и источните делови на Македонија каде се очекува да наврнат над 60 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен од југоисточен правец.

Слично

Поврзани вести