Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ КАДЕ БЕРЗАНСКИТЕ ИГРАЧИ САКАА ДА ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ - топ пет акции кои лани имаа најголем раст на цената

ЕВЕ КАДЕ БЕРЗАНСКИТЕ ИГРАЧИ САКАА ДА ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ - топ пет акции кои лани имаа најголем раст на цената

Првите три акции со најголем рат на Берзата за минатата година се всушност трите најголеми банки во земјава.

Лидер според најголем раст на акцијата за минатата година е Стопанска банка Скопје, чии годишен раст на цената на акцијата изнесува 125,64 проценти. 

Втора акција по најголем раст за минатата година е акцијата на Комерцијална банка, чии раст за 2024 година бил за 99,91 отсто.

Уште една банка „растура“ според растот на цената на нејзините акции, а тоа е НЛБ Банка. 

Четврта според раст на цената е „Реплек“, која стартувала со 9.300 денари, а завршила со 16.598 денари за акција, што е зголемување за една година за 78,5 отсто. 

И, на петто место според најголем пораст на цената на акциите не акцијата на „Македонијатурист“, околу која се водеше голема битка за превласт во нејзината сопственичка структура. 

Ова значи дека оние што решиле да ги купат токму овие акции на почетокот на минатата година, се всушност најголемите добитници.

Повеќе детали тука

Слично

Поврзани вести