Еве ја временската прогноза за денес
Посвежо време не очекува во текот на овој ден.
Метеоролозите од УМХР најавија зголемена облачност која ќе дојде до израз попладне.
Ќе има услови за дожд и грмежи а максималната дневна температура ќе достигне 35 степени Целзиусови,
За разлика од вчера, и УВ индексот ќе биде понизок и ќе изнесува 8.
Вакво време се очекува ширум државата а нестабилноста ќе биде најизразена во планинските региони во попладневните часови.
Топлото време ќе биде присутно и во наредниот период а поројни краткотрајни дождови се можни околу попладневните часови.
Слично
