ЕВЕ ЈА ПРОГНОЗАТА ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ: Попоски предупредува на утрински мразеви
За време на Велигденските празници, односно во периодот од 9 април 2026 (Велики Четврток) до 11 април (Велика Сабота) територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително поладен бран кој ќе се спушта од северот и од североистокот на Европскиот Континент. Времето ќе биде значително поладно и променливо со повремено засилен до силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час и истиот најизразен ќе биде во Повардарието и во источните предели од Македонија, објави метеорологот Славчо Попоски.
„На ден Велигден 12 април 2026 времето ќе ни биде претежно сончево а особено наутро и значително ладно а преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
За Велигденските празници и на ден Велигден 12 април 2026 наутро на повеќе места во Македонија ќе има појава на слаб мраз што воопшто не е добро особено за овошките кои се во силна фаза на цветање. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени а во Скопје и околината наутро температурата очекувам да се спушти до околу 2/3 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак исто така ќе бидат значително ниски и под просекот за месец април и тие ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура за Велигденските празници ќе се искачува до околу 15 степени“, објави тој.
