Еве ги утринските температури: Во Битола под - 20
Неочекувано студено беше изутрина во Битола, каде што беа измерени дури -21 степен целзиус и 27 сантиметри снег, додека гавниот град Скопје беше еден од „потоплите“ со минус шест степени.
Во Берово се измерени -17 Берово, -15 во Струмица, -14 во Прилеп и Демир Капија, -12 во Лазарополе и Крушево, -11 во Маврово, -10 во Штип и Крива Паланка, додека во Охрид беше минус осум.
Снежни врнежи имаше во Струмица, Демир капија, Дојран, Куманово и Виница, а снежната покривка е највисока во Маврови Анови од 65 сантиметри.
Слично
