Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евакуација во седум основни училишта во Битола, втора смена нема да има

Евакуација во седум основни училишта во Битола, втора смена нема да има

Утрово има дојави за поставени бомби во основните училишта: „Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Ѓорги Сугарев“, „Климент Охридски“, „Елпида Караманди“, „Даме Груев“ (централното училиште и подрачните во Долно Оризари и Карамани) и училиштето „Александар Турунџев“ во село Кукуречани.

„После добиените информации за поставени бомби во 7 основни училишта во општина Битола, воспоставена е постојана комуникација со директорите на основните училишта и полициските службеници.

Благодарение на брзото постапување, сите ученици, наставниот кадар и другите вработени во училиштата, се евакуирани на безбедно место, а настава во втора смена во овие училишта нема да има“, објави градоначалникот Тони Коњановски.

Во меѓувреме, од страна на полицијата се преземаат потребните мерки за проверка на дојавите.

„Апелирам на смиреност и почитување на пропишаните правила и прописи за постапување во овие случаи.

Општина Битола е во постојана комуникација со СВР Битола, а сите општински ресурси се ставени на располагање до целосно завршување на проверките во сите основни училишта“, додаде градоначалникот.


Слично

Поврзани вести