ЕВАКУАЦИЈА ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ - Запалено возило на паркингот го испразни трговскиот центар
Поради појава на чад, која најверојатно е предизвикана од автомобил кој се запалил подземните паркинзи во трговскиот ценатар „Ист Гејт“, денеска биле евакуирани посетителите и вработените во трговскиот.

Она што го дозаваме од лица кои во моментот се затекнале во „Ист Гејт“ е дека било соопштено да го напуштат трговскиот центар, а притоа првично не им било дозволено да ги земат своите автомобили.
По кратко време на посетителите им било дозволено да се вратат по своите возила, од каде се и нашите фотографии.
Сите биле евакуирани од трговскиот центар.
Дел од медиумите пренесуваат дека причината за пожарот е запален автомобил во трговскиот центар Ист Гејт Мол при што интервенирала и Противпожарната бригада.
Од страна на обезбедувањето била направена евакуација и за сега нема информации за повредени лица.

И МВР ја потврди инфомрацијата.
- Денеска во 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило „рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето - потврдуваат од МВР
Фото: Фактор