Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Јужен тек“ пред Европската унија, утре ќе решава судбината на гасоводот

„Јужен тек“ пред Европската унија,  утре ќе решава судбината на гасоводот
Што ќе се случува со „Јужен тек“ ќе се решава утре, во рамките на Европската Унија. Ова го истакна словенечката премиерка Аленка Братушек во интервју за рускиот весник „Комерснт“. За итре, според Братушек, ќе биде организиран состанок на европскиот комесар за енергетика, Гинтер Етингер и претставниците на земјите учеснички во проектот Јужен поток. Таа не соопштува детали, но тврди дека ќе бидат разгледани сите проблеми кои се појавија во врска со гасоводот. Според весникот, Бугарија, Словенија и Унгарија имаат намера заедно да настапат во заштита на проектот на овој состанок. Мегагасоводниот проект Јужен поток предизвика вистинска војна помеѓу Русија и Европската унија, но доброупатените во енергетиката велат дека ова всушност ова е судир на релација САД – Русија. За прв пат после студената војна, во светот започнува нова војна, а тоа е борбата за природниот гас, веќе пишуваше Фактор. Македонија има свое место во проектот, а според министерот за финансии Зоран Ставрески реализацијата на „Јужен тек“ ќе продолжи така како што е најавено. Тој пред два дена ги повика Брисел и Москва, да отворат директен дијалог за решавање на сите прашања кои, како што изјави, Европската комисија ги потегна во однос на реализацијата на овој крупен меѓународен проект. Спорот меѓу „Гаспром“ и Европската Унија  настана кога ЕК побара земјите членки на Унијата и земјите се дел од евроинтегративните процеси, да ги ревидираат договорите потпишани со „Гаспром“, кои  не се во согласност со прописите на Европската енергетска зедница. Од „Гаспром“ одговорија дека немаат намера да одговорат позитивно на ова барање.  Проектот Јужен тек е тежок 16 милијарди евра, а според најавите треба да се финализира до 2018 година. Македонија со крак треба да се приклучи кон „Јужен тек“, но се уште не се знае дали кракот ќе оди преку Србија или преку Бугарија.
Слично

Поврзани вести