ЕУ предлага вакцината за патување да важи девет месеци
Европската унија ќе препорача деветмесечен рок за важност на вакцинацијата против Ковид-19 за патување во европскиот блок, а исто така ќе предложи да се даде приоритет на вакцинираните патници, се вели во документот на Европската комисија до кој што њујоршката агенција „ Блумберг“ имаше пристап.
Европската комисија ќе предложи земјите-членки да продолжат да ги примаат сите патници кои биле имунизирани со вакцини одобрени од европскиот блок.
Тој, исто така, ги повикува земјите повторно да се отворат од 10 јануари за сите оние кои примиле вакцини одобрени од Светската здравствена организација.
Предложените измени, исто така, воведуваат ново временско ограничување за важноста на вакцинацијата против Ковид, што сугерира дека ќе бидат потребни дополнителни дози по период од девет месеци.
Предлозите, кои се однесуваат на патување надвор од ЕУ, се очекува да бидат објавени подоцна денеска.
Владите на ЕУ бараат од блокот да ги изедначи разликите во правилата за да се олесни патувањето, откако владите презедоа различни пристапи за должината на вакцините и засилените дози.
