ЕУ одобри почеток на преговори со Македонија
Министрите за Европа и надворешни работи ја потврдија нацрт-одлуката на ЕУ за почеток на преговорите за прием на Македонија и Албанија. Истото ќе следи и на Самитот на лидерите на земјите-ченки в четврток. Денешната одлука се смета за најрелевантна за тоа дали Македонија по 15 години чекање ќе ги започне преговорите, а на 26 март треба само да биде формално потврдена.
Се очекува Европскиот совет на 26 март да ги одобри пристапните преговори со двете соседни земји од Западен Балкан.
„Честито одлука за почеток на преговори со Европската Унија“, кратко искоментира Бујар Османи, видепремиерот за евроинтеграции.
Слично
