Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ не сака да ги интегрира корумпираните влади од Западниот Балкан, вели Величковски

ЕУ не сака да ги интегрира корумпираните влади од Западниот Балкан, вели Величковски

Ивон Величковски, претседател на „Нова Република“, вели дека ЕУ не сака да ги интегрира корумпираните влади од Западен Балкан и дека тоа е причината за невлегувањето на државите во унијата.
„ЕУ не сака да ги интегрира корумпираните влади од Западниот Балкан, а не државите во регионот

Вицепремиерот Николовски:

- 2018: "Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ".

- 2024: "Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ"

- јуни 2026: "ЕУ ги лаже земјите од регионот, никој нема да стане член бидејќи Унијата не е подготвена за проширување".

Оваа тема сега се задолжени да ја разработуваат мегафоните на договорот Мицкоски/Груевски+Силјановска-Давкова со Филипче/Заев + Пендаровски.

Бидејќи - не можејќи да се потпишат на писмото на Вучиќ и Рама - мораше да испратат "писмо за добродојде" пред посетата на Кошта преку вицепремиерот Николовски.

Рама опстојува поради легитимитетот од Бериша во Албанија, Вучиќ поради легитимитетот од Ѓилас во Србија и Мицкоски поради легитимитетот од Филипче во Северна Македонија.

Затоа Црна Гора се поизвесно ги комплетира преговорите, Албанија "врие" како што наближува кон членството и нејзините власти се под притисок на владеењето на правото, а преговорите се отвораат со Украина и Молдова.

Проблемот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што Брисел повеќе се грижи за македонскиот народ и граѓаните на Северна Македонија одошто Скопје се грижи на пр. за Кочани.

Затоа тие се подеднакво под изолација:

- средбите на Силјановска-Давкова се еднакво ретки како оние на Пендаровски по игнорантскиот однос кон самитите во Франција и Полска,

- Мицкоски по локалните избори отворено е сведен на средби за пораки од ЕПП-пријателите, исто како Заев откако се обиде Преспанскиот договор и членството во НАТО да ги употреби за градење свој бизнис-систем,

- Стопанската комора не може да го испере "спонзорството" на моноетничките економско-партиски средби од 2022/23 ниту со "повик за обединување со Албанија".

Гаранции за македонскиот народен идентитет и идентитетот на нацијата на Северна Македонија се дадени во самата Преговарачка рамка.

Но ЕУ никогаш нема да даде гаранции за идентитет заснован на корумпираните власти и нивните партии кои постојат за да определат за кого да гласате - по нивна листа на подобни.

Ова е најголемата инвестиција на Европа во ослободување на македонскиот народ и македонскиот идентитет: од наметнатата власт на десетина семејства и поранешниот систем што живее низ неа“', вели тој.



Слично

Поврзани вести