ЕУ не ја коментира оставката на Заев
Европската комисија нема да ја коментира оставката на премиерот Зоран Заев по подочекуваните резултати на власта на локалните избори, јавува МИА. Од Брисел само кусо коментираат дека земјата треба да продолжи со реформите.
Европската Комисија не даде одговор на прашањето дали Европската Унија чувствува било каква одговорност за изборните резултати и оставката на премиерот поради блокираните евроинтеграции,
ЕУ единствено дава позитивна оценка за спроведувањето на изборите на кои се почитувале темелните слободи, а изборната администрација во вториот ги надминала недостатоците од првиот круг
– Ги охрабруваме новите градоначалници и членовите на општинските совети да придонесат кон напредување на ЕУ агендата за реформи во интерес на сите граѓани, изјавила портпаролката Ана Писонеро.
