Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ НЕ БИЛА ЈУГОСЛАВИЈА, ДЕМЕК ТАА БИЛА ВО ЕУ - нова порака од Зоран Иванов

ЕУ НЕ БИЛА ЈУГОСЛАВИЈА, ДЕМЕК ТАА БИЛА ВО ЕУ - нова порака од Зоран Иванов

Долгогодишниот новинар и поранешен претседател на Надзорниот одбор на Македонската информативна агенција, Зоран Иванов, повторно со критика и погрдни зборови, кои најверојатно се однесуваат на шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева. 

Еве го неговиот пост на фејсбук.

Оваа реакција следуваше откако вчера, по средбата со нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи, Захариева беше категорична дека ниту една земја членка на Европската Унија, ниту пак Соединетите американски држави ниту досега ниту во иднина не смее да и каже и да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни разговори за Македонија со ЕУ, ако тоа не го одлучи самата Бугарија.

„Тие треба да разберат дека Европската Унија не функционира како Југославија. Никој не може нас да ни наложи што да правиме во Унијата, рече Захариева.

Инаку, Зоран Иванов и лани, по бугарското вето за земјава за почеток на преговорите со Евопската унија, имаше погрдни заборови за Захариева, поради што беше разрешен од местото претседател на Надзорен одбор на МИА. 

Слично

Поврзани вести